ИНВАЗИЈА ОД СКАКУЛЦИ ВО МАЛА ПРЕСПА, ЖИТЕЛИТЕ: ГОЛЕМИ ШТЕТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Жителите на неколку села во општината Пустец не ги одгледуваат нивните ниви, затоа што трета година по ред скакулците се уништуваат. Скакулците продолжуваат да се шират во областа на земјоделските култури, уништувајќи се и оставајќи стотици сиромашни семејства.

Горна Горица, едно од селата во општина Пустец, и оваа година е "нападната" од скакулци, додека жителите ова година беа принудени да се откажат од одгледување на одредени култури за да го избегнат уништувањето од скакулците. Бидејќи не можеа да добијат никаков производ во текот на изминатите две години и по претрпената штета, ова година не посадија ништо, освен пченица, бидејќи неја не ја јадат скакулците. Жителите апелираат до надлежните институции да се најде решение за овој проблем, кој веќе трета година по ред се им уништува, додека ниту една институција не превзема мерки за решавање на овој проблем.

“Има три година како што скакулците се ни уништуваат. Земјата ја посадивме само со пченица затоа што само неја не ја јадат скакулците. Ова не е решение, ние со тоа што го земаме од земјатата живееме, и го држиме и добитокот. Неможи да ја поминиме годината само со пченица. Имаме потреба и од грав, компири, пченка и зелечук. Живеме во сиромаштија и напуштени”, - вели Зоица Поповска за весник Македониум.

Од ова година скакулците се проширени и во земјиштето на жителите од Туминец и Долна Горица. Штетите се големи, не се превземаат мерки за уништување на скакулците, додека нема ни субвенции од државата за уништените посади. (Македониум)