Македонците во Албанија со најмногу жалби до Комисионерот за Заштита од Дискриминација

Во организација на Албанската Група за Човекови Права и Комисионерот за Заштита од Дискриминација во Тирана, во хотел Дипломат се одржа тркалезна маса за правна обука на малцинствата, за законот “За заштита од дискриминација.

Од тркалезната маса во Тирана


На ова тркалезна маса учествуваа преставници од македонското, српско –црногорското, влашкото, ромското, бошњачкото и еѓиптјанското малцинство во Албанија.

Ирма Бараку, Комисионер за Заштита од Дискриминација истакна за важноста на овој закон и третманот на случаите на дискриминација . Комисионерот истакна дека во изминатата година најмногу жалби се примени од страна на македонското малцинство и тоа 4 жалби, по кој Комисионерот за 3 жалби донел одлука, додека за четвртата  е во тек административната истрага.

За две жалби кои се однесуваа на говор на омраза што весникот Шќиптарја и новинарот Арбен Рожани користеа спрема Македонците во општина Пустец, Комисионерот им наложува на весникот Шќиптарја и новинарот Арбен Рожани да во иднина избегнуваат употреба на говор на омраза спрема македонското малцинство,  додека за третата жалба Комисионерот побара од Алеанца на Црвено-црни јавно да им се извини на Македонците во општина Пустец за инцидентите предизвикани на 16 ноември 2012 година во општина Пустец. Доколку не се извинат ќе следи парична казна за Алеанца на Црвено-црни. Исто така, во тек е административната истрага на жалбата на Македонците од Голо Брдо за изучување на македонскиот јазик. По оваа жалба Комисионерот изјави дека позитивно ќе се произнесе на барањето на Македонците од Голо Брдо и ќе побара од министерството за образование на Албанија да овозможи услови за изучување на македонскиот јазик во Голо Брдо.

 

 Васил Стерјовски и Ирма Бараку, Комисионер за Заштита од Дискриминација

Васил Стерјовски и Ирма Бараку, Комисионер за Заштита од Дискриминација

 

Тркалезната маса беше добра прилика да преставниците на малцинствата во Албанија продискутираат за нивниот статус и положба.

Според Васил Стерјовски кој беше преставник од македонското малцинство на ова тркалезна маса, преставниците на малцинствата го искажаа своето незадоволство поради непочитување на своите права во Албанија, немање на стаус на малцинство на сите заедници, освен Македонците кој се признаваат само во областа Мала Преспа, а не се признаваат во Гора и Голо Брдо и Грците во јужна Албанија, неизучување на мајчиниот јазик, немање гарантирани малцински квоти во албанскиот парламент идр.

Преставници на бошњачкото, српско-црногорското и македонското малцинство во Албанија

Преставници на бошњачкото, српско-црногорското и македонското малцинство во Албанија


“Заклучивме дека во измината година Албанија има назадено во почитувањето на правата на малцинствата, и има груби прекршувања на правата на малцинствата како дискриминирачкиот Попис на населениете, бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција идр.”- истакна Васил Стерјовски за весник Македониум.

Исто така Стерјовски побарал од Комисонерот за Заштита од Дискриминација да во ова институција се вработи по еден преставник од малцинствата, така што ова институција би била поефикасна, затоа што овие преставници ќе оставруваат директен контакт со своето малцинство. (Македониум)