ОДБЕЛЕЖАНИ 152 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БИТОЛА

На 4 февруари, 1872 година, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски великани, Гоце Делчев.

По тој повод, одбележувајќи 152 години од неговото раѓање, бројни делегации положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

Свежо цвеќе положи делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, претставници на политичките партии и нивните унии, претставници на ОО на Сојузот на борци Битола, делегации на установи кои го носат името на македонскиот великан, граѓански организации и делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

©Македониум