НЕШТО ДА СТОРАМ

НЕШТО ДА СТОРАМ

Ево, дваесет години пополека се полнат
Што мислам и се борам за нешто да сторам
Иако, за возврат, сите ме колнат
И никој не ми верува и жив да горам…

Одев по Преспа, Голо Брдо и Гора
По Корча, Тирана, дури Скадар, горе
Кај ќе се стемнев не ме фаќаше зора
Македонија била од море до море…

Токму така било од секогаш до денес
На секаде не има а никаде не нема
Малку ќе светне и одиш, во залез
Македонската ѕвезда ете, ја снема.

Се собравме еднаш, во ноќта уште темна
Решивме да земиме секири, вили, сорој
Да ги исечиме капините од нашата земја
И да светне сонцето во нашите двороj…

Крај морето чекаме бродот да броди
Со погледот нагоре, го молиме Бога
Македонската ѕвезда повторно да се роди
И пак да не гасне, ко секогаш, но кога?

Милостина е Бог со нас Македонците
И со оние што на раце е носат Македонија
И со тие што е продаваат на копилјаците
Да е парчат, да се држат вечно, во агонија…

Ево, дваесет години пополека се полнат
Откако и во Преспа блесна нова зора
А мене сите ме пцујат, ме колнат
Можеби затоа што ко ѕвезда горам…

Спасе Мазенковски