АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА ДОКТОРИРА НА ТЕМА “МАКЕДОНСКОТО ТРАДИЦИОНАЛНО НАРОДНО ПЕЕЊЕ ВО: МАЛА ПРЕСПА, ГОЛО БРДО И ГОРА“

Андријана Јаневска денес упешно ја одбрани докторската дисертација на тема “Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков“ и стана доктор на науки.

Андријана Јаневска докторската дисертација ја одбрани пред комисија во состав: проф.д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф.д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф.д-р Весна Петреска и проф.д-р Горанчо Ангелов, под менторство на проф.д-р Родна Величковска.

– Им благодарам на членовите на комисијата за одбрана на докторската дисертација. Секако, најголема благодарност и’ должам на проф.д-р Родна Величковска, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавањето на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа. И’ благодарам и на проф.д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор. Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот. Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ, – изјави Андријана Јаневска по докторирањето.

©Македониум