Македонците во Бугарија го одбележаа Македонското Кресненско востание

Македонците во Бугарија одбележаа 145 години од Македонското Кресненско востание. Првата етапа од одбележувањето се одржа во градот Кресна – со полагање венци, едноминутен молк и паѓање на колена каде говор одржа Стојко Стојков.

Втората етапа продолжува во селото Стара Кресна. Прославата продолжи со митинг во село Стара Кресна, каде говор за востанието одржа Кирил Тилев.

Потоа имаше панихида за паднатите борци за Македонија, во црквата во селото Оштава. Свеченоста заврши со македонски песни во центарот на селото. Присуствуваа луѓе од сите делови на Пиринска Македонија и Софија.

©Македониум