МАЕИ: ИЛИНДЕН E ИНСПИРАЦИЈА ЗА НАШАТА СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

Македонска алијанса за европска интеграција на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден!

Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме на нашите претци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија.

На овој ден се сеќаваме на храбрите претци кои се бореа против угнетувањето, застанувајќи во одбрана на нашите права, јазик, култура и идентитет. Ние ги славиме не само херојските дела на нашите предци, туку и духот на издржливост и отпор што живее во секој од нас, без разлика каде живееме.

Илинден не е остаток од минатото туку инспирација за нашата сегашност и иднина. Тоa е доказ за издржливоста на човечкиот дух и нашиот вроден копнеж за слобода. Нам, Македонците што живееме во Албанија, ни е потсетник дека нашето единство е нашата најголема сила.

Како што го почитуваме минатото, мора да гледаме и кон иднината – иднина каде што нашите заеднички аспирации ќе ги зајакнат врските меѓу Македонија и Албанија.

Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илиден!

©Македониум