Пендаровски средба со преставници на МАЕИ во Пустец

При своја посета на општина Пустец, на 23 јули 2023 година, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со раководството на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), кои за ова средба дојдоа од повеќе делови на Албанија каде што живеат Македонците во Албанија.

На средбата преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја поздравија посетата на двајцата претседатели на Албанија и Македонија на општина Пустец, каде што живее дел од македонската заедница во Албанија и чија што посета се реализира на поканата на претседателот на Република Албанија.

На средбата преставнициите на МАЕИ го запознаа претседателот Пендаровски со положбата на Македонците во Албанија кој се лојални граѓани на Албанија и предизвициите со кои се соочуваат посебно во пресрет на престојниот попис на населението како и притисокот на Бугарија за асимилација на македонската заедница користејќи го своето членство во ЕУ.

Исто така, се разговараше и за потребата од 24 часовно работење на граничниот премин Џепиште-Требиште кај делот на Голо Брдо.

Преставниците на МАЕИ побараа поголема грижа од институциите на Република Македонија за Македонците во Албанија и во регионот како што тоа го прават сите земји на Балканот за своите малцинства.

Од претседателот Пендаровски преставниците на МАЕИ побараа да обезбеди биста за Спасе Мазенковски, истакнат македонски активист, поет и новинар од Мала Преспа, кој почина пред 5 години и ќе биде поставена во неговотo родно село во Леска, Општина Пустец.

Преставниците на МАЕИ од Голо Брдо го поканија претседателот Пендаровски да го посети подрачјето на Голо Брдо.

Средбата со претседателот Пендаровски се одржаа во канцеларијата на Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец.

©Македониум