МАКЕДОНСКАТА ПРИНЦЕЗА КОСАРА И КНЕЗОТ ВЛАДИМИР

Во летото 997 година Цар Самуил ја напаѓа Дукља со којашто владеел младиот крал Јован Владимир. На Владимир му било предложено да се предаде за да не му биде разорена земјата Тој ги собрал поданиците и им рекол: „Подобро е душава моја да ја положам за сите вас и да го предадам телото свое да го убијат, отколку вие да страдате од глад и меч”.

Јован Владимир бил одведен и заточен во Преспа. Ќерката на Цар Самуил, принцезата Косара, побарала од татка си да и одобри со слугинките да слезе во ќелиите и да ги види окованите затвореници. Тогаш Косара за прв пат го видела Владимир. Впечаток и оставила неговата кроткост и убавиот изглед. Косара долго разговарала со Владимир и се воодушевила од неговото световно знаење и мудрост Божја. Го засакала и од жал за неговата младост кога слушна дека е од кралска лоза. Клекнала пред Цар Самуил и го замолила: „ Татко, господару ако е по волја на твоето величество, дај ми го за маж кралот Јован Владимир. Ќе умрам, но не се мажам за друг!” Владимир бил ослободен и облечен во кралска облека и набргу следела венчавката со Косара и враќање на Владимир на земјата што ја владеел. Владимир и Косара живееле во Краина, крај Скадарското Езеро.

По смртта на Цар Самоил (1014 год.) на престолот доаѓа син му Гаврил Радомир, но тој е убиен (1015 год.) од Јоан Владислав (син на Арон, брат на Самоил). По наредба на Јоан Владислав (1016 год.) убиен е и кнезот Јован Владимир, мажот на македонската принцеза Косара.

Култот за маченикот свети Јован Владимир е од волјата на верниците и од Дукља се шири во Далмација, Албанија, Македонија и Света Гора. Ликот на Св. Јован Владимир е живописан на иконостасот во манастирот Св. Наум, а парче од неговите свети мошти има во манастирот Св. Јован Бигорски.

Стево Симски