ТРАДИЦИОНАЛЕН КУП ВО БОРЕЊЕ “ГОЛО БРДО 2023”

Во организација на здружението за борење “Голо Брдо“, а со поддршка на општина Булќиза, во село Големо Острени, во областа Голо Брдо, се одржа 10-от традиционален куп во борење “Голо Брдо 2023 година”.

На купот учестуваа Македонци од областа Голо Брдо. Купот помина во прекрасна атмосфера со традиционални македонски песни и ора од областа Голо Брдо.

Првак на купот е Елтон Зепај од село Требиште, областа Голо Брдо, а организаторот на ветераните борачи им додели сертификати како признание за вештината и одржувањето на традицијата.

©Македониум