Нико Андон, кандидат за советник во Општина Корча од МАЕИ на листата на Социјалистичка партија

Градоначалникот на Општина Корча, Сотираќ Фило ја претстави листата за советници на Социјалистичка партија за Општина Корча.

На презентацијата на кандидатите за советници, градоначалникот Фило го претстави и Нико Андон како дел од македонската заедница од Корча.

Нико Андон кандидара на листата на Социјалистичка партија за Општина Корча, како дел од договорот за коалицирање на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со Социјалистичка партија.

Нико Андон е истакнат активист на македонската заедница во Албанија и член на Извршниот комитет на МАЕИ. Има долгогодишно искуство како наставник. Во моментот работи директор на Деветолетно училиште.

©Македониум