Одржана изборна конференција на Општинскиот Комитет Поградец на Македонска алијанса за европска интеграција

Во Поградец, Албанија на 10 март 2013 година се одржаа втората Изборна Конференција на Општинскиот Комитет на Поградец на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

 

Општински комитет Поградец на Македонска алијанса за европска интеграција

Општински комитет Поградец на Македонска алијанса за европска интеграција

На Изборната конференција учествуваше и Едмонд Темелко претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (М.А.Е.И).

На конференцијата се разгледа досегашната работа на Општинскиот Комитет на Поградец на (М.А.Е.И), и се гласаше за избор на претседател, потпреседател, секретар и членови во Извршниот одбор.

Конференцијата,  за претседател, едногласно го избраа Петре Тодоровски, кој досега ја вршеше должноста секретар на Општинскиот Комитет Поградец на Македонска алијанса за европска интеграција. За потпреседател беше избран Ставре Спировски, додека за секретар беше избран Сокол Шкмби.

Едногласно и за членови на Извршниот одбор беа избрани:

  1. Танас Андон
  2. Пандо Насто
  3. Менка Главче
  4. Мариел Граждани
  5. Петре Тодоровски
  6. Елена Тодори
  7. Ставре Спировски
  8. Сокол Шкмби
  9. Менка Граждани

 

Новоизбраниот претседател на Општинскиот Комитет на Поградец, Петре Тодоровски се заблагодари за дадената доверба и истакана дека со заеднички напори со сите сите членови на Извршниот одбор ќе работат за постигнување на што подобри резултати на Македонска алијанса за европска интеграција во Поградец за престојните парламентарни избори и дека Општинскиот Комитет на Поградец ќе се залага за унапредување на правата на Македонците во Поградец.

Исто така, пред присутните свое обраќање имаше и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко кој ја изрази својата подршка кон новото раководство и повика на заедништво и самодоверба меѓу Македонци што живеат во Поградец и што помасовно да излезат и да гласаат за Македонска алијанса за европска интеграција, на престојните парламентарни избори во Р.Албанија, кој што треба да се одржат на 23 јуни 2013 година. Од самиот резултат на обие избори ке зависи и интегрирањето во институциите на системот на Македонците во Поградец- истакна Темелко.

Македонска алијанса за европска интеграција се спрема за престојните парламентарни избори во Албанија и е во фаза на реорганизација и одржување на нејзиниот втор Конгрес, кој треба да се одржи кон крајот на месец април 2013 година. (Македониум)