ЗА МАРТИН ЦАМАЈ И ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ

Пчелата на Преспа, историчарот Васил Стерјовски, собира стихови од песни од Преспа, ретки фотографии, легенди и митови, биографии на преспанските писатели и уметници, и со овој нектар изваден од историјата и актуелните настани подготвува инспиративна книга…

Бистата на писателот Мартин Цамај во Скадар

Во творечкиот процес, темите и мотивите блескаат како бисери во длабочините на езерото и тие мора да се земат и исчистат од маглата и заборавот на времето.

Но, колку се изненади и се радуваше кога прочита една прекрасната песна на Мартин Цамај за Преспа. Мартин Цамај со својата поезија, колку класична толку и модерна, со симболични тонови, со еден јазик каде и филозофијата на лингвистот и метафорите во форма на карактерот на поетот, ни има дадено во пејзажно-медитативната песна „Преспа“ една од неговите поетски кулминации:

Во езерото на Преспа
Се преплетуваат сонцето и месечината…
Летните вечери во вода
Тоа спојување на зраците
Љубов на два пара раце
Со вкрстени прсти
Тој копнеж на рибите
Во најблескавиот кревет
Месечината останува, сонцето оди…

Некој го споредил Мартин Цамај со други странски и домашни поети од традицијата. Но, Мартин Цамај е самиот тој. Дури и таму каде што ни го подарува овој идиличен момент на човекот и природата на една летна вечер „два пара раце со вкрстени прсти“.

Но, таму „во расплетот на рибите“ брзо започнува контрапунктот на поетот, меѓу моментот и историјата:

Во старото езеро на Преспа
ги гледа црвените карпи…
…………..
Преспа-див коњ
Тресе со колковите
Замок и градови
Почива под месечината
Преспа – плодна жена
Преспа-жена родилка….
…За да не се разбудат сопствениците на времето
Заспани под камен како змии…

Привилегија на големата поезија е што во неколку редови, може да ни го даде и убавото, неповторливото и благородното, но и стравот, вознемиреноста и кошмарот, мистеријата во езерото на животот и историјата…

И еве, овде како навестување доаѓа детал, влегуваме во куќата на еден златар и преку поетот гледаме зад нејзините ѕидови:

Пред нив работи мајсторот Бал
Златар на глас
Завиткан над масата…
Во темница на грб спие невестата
Разголена до половината
…Во огништето огнот се топи
Среброто меѓу вителот

Топејќи го златото и среброто во вителот, поетот ја создава песната, а историчарот го плете своето предавање. Книгата се подготвува. А Преспа, таму ги чека убавините и историјата.

…Таму во старото езеро на Преспа
каде се преплетуваат сонцето и месечината…

Поетот и историчарот, Мартина Цамај и Васил Стерјовски, месечината и сонцетo во старото езеро на Преспа…

Елизабета Лули (Анџаку)