Костофски: Имаме одговорност како родители да го пренесиме македонскиот јазик на нашите деца

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е меѓународен ден прогласен од УНЕСКО во 1999 година.

Како таков секоја година се слави на 21 февруари. Целта на неговото одбележување е промоција и свесност за јазичната и културната различност како и промоција на повеќејазичноста.

Јазиците на националните малцинства во Република Албанија се дополнителна вредност за нацијата, затоа ние мораме да продолжиме да го чуваме, да го пренесуваме од колено на колено, бидејќи јазикот е култура.

Имам одговорноста како родител да и го пренесам македонскиот јазик на ќерка ми, исто како и сите родители.

Марјана Костофски
Член на македонската заедница при Комитетот за национални малцинства на Албанија