ЦИК на Албанија се поправи, го користи терминот Македонско национално малцинство

Централната изборна комисија на Албанија денеска го поправи постерот наменет за Македонската заедница во Албанија употребувајќи го терминот Македонско национално малцинство.

Претходно пред два дена претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Целибаши на својата официјална Фејзбук страна ја најави посебната програма за едукација и информирање на гласачите – припадници на националните малцинства за локалните избори на 14 мај 2023 година и Македонската заедница во Албанија беше именувана како “малцинство на Северна Македонија”.

После реакциите на Македонската амбасада во Албанија, преставникот на Македонската заедница при Комитетот за националните малцинства, партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) и Македонското друштво “Илинден”- Тирана, Централната изборна комисија го поправи постерот на македонски јазик именувајќи ја Македонската заедница како Македонско национално малцинство како што официјално се признава во Албанија.

©Македониум