МАЕИ бара од Централната изборна комисија да го употребува терминот Македонци

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) испрати писмено барање до претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Целибаши каде бара да се употребува терминот Македонци за Македонската заедница во Албанија.

Во писменот барање на МАЕИ до претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Илирјан Целибаши стои:

– Централната изборна комисија одобри посебна програма за едукација и информирање на гласачите – припадници на националните малцинства за локалните избори на 14 мај 2023 година. На 14 јануари 2023 година, на вашата Фејсбук страница ја објавивте оваа програма и на постерот на македонски јазик, Македонската заедница е наведена како „национално малцинство на Северна Македонија“. Ова е сериозна навреда за Македонската заедница во Албанија и бараме да го поправите вашиот пост и постерот за Македонската заедница и Централната изборна комисија во сите публикации, летоци и постери за Македонската заедница да го користи терминот Македонско национално малцинство како што сме официјално се признаваме во Албанија, стои во писменото барање на МАЕИ.

Барањето освен до претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши е доставено и до Народниот Правобранител, Еринда Баланца и Комесарот за заштита од дискриминација, Роберт Гајда.

©Македониум