ЧЕСТИТКА ОД МАЕИ ПО ПОВОД ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО

Честитка по повод големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик упати единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

– Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите православни Македонци им го честита големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, стои во честитката на МАЕИ!

Во неа се наведува дека Божик е најголемиот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението.

– Да ги негуваме семејните вредности на Македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди, стои меѓу другото во честиката на МАЕИ.

©Македониум