МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА: Македонка со потекло од Шулин, Мала Преспа раскажува за животот на Македонците на почетокот на 20 век

Има илјадници приказни за Македонци кои бегајќи од сите делови од Македонија, кои биле под окупација, оделе и во најдалечните земји низ светот по подобар живот.

Една од тие е и за фамилијата на Евтим и Илинка Петко од селото Шулин, Мала Преспа која денес е во границите на Албанија. Тие се доселиле во Аргентина, каде продолжиле да ја негуваат македонската традиција. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Во интервју за Инфомакс таа разкажува за тешкиот живот кои го имале Македонците низ историјата, како нејзината фамилија се криела по ровови како што едни менувале други окупатори.

Но она што е најважно е што е нејзината фамилија и тогаш и денес говорат за Македонија, за Македонци и македонски јазик, идентитет и култура.

Во ексклузивното интервју за Инфомакс таа говори за македонските ора, за македонската храна, за македонскиот јазик на кои говореле нејзините родители кои иако биле родени кон крајот на 19-от век јасно се декларирале како Македонци.

Иако никогаш не успеала да го научи македонскиот јазик и не ја видела Македонија, таа со солзи во очите говори за земјата на нејзините родители.

Подолу можи да го погледате интервјуто на Ирма Елена Петко:

©Македониум