ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ – ИЗЈАВА НА ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ ВО ВИЛАТА ДАЛМАЦИЈА, 1960

За Македонија и Македонците Винстон Леонард Спенсер Черчил, премер на Велика Британија за време на Втората светска војна, има речено:

„Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, Европа ја подели Македонија во 1913 година, а во Првата светска војна најголемите битки се водени на територијата на Македонија.“

„Правени се обиди за асимилација на Македонците за среќа безуспешни. На крајот во еден дел од Македонија Македонците создадоа своја Држава во рамки на Југославија. Но, таквата причина ја исплаши Грција па таа направи егзодус над Македонците во Беломорска Македонија.“

„Македонците се потомци на Филип и Александар и имаат право да живеат во своја држава. Но, се плашам дека нивната пребогата историја во иднина ќе им донесе големи проблеми кои ќе им ги наметнат Бугарија и Грција затоа што имаат страв од постоењето на Македонија и Македонците.“

Забелешка:

1. Наведениве цитати за Македонија и Македонците од В. Черчил ги негираат контролирани извори со цел прикривање на изнесените факти коишто потврдуваат што недостасува за Македонија и Македонците во историските учебниците на оние што учествувале во поделбата на етногеографска и историска Македонија.

2. Изјавите на Черчил за Македонија и Македонците, дипломатски извори потврдуваат дека биле речени, во јули 1960 година, на ручекот што го приредил Јосип Броз – Тито за Винстон Черчил во „Вилата Далмација“ крај Сплит. Черчил пристигнал со Јахта на Оназис, каде што била средба за медиумите.

Стево Симски