ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО КОРЧА

Министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски остварија работна средба со градоначалникот на општина Корча, Сотираќ Фило.

На средбата се разговараше за организирање на Деновите на македонската култура во Корча кои ќе се реализираат кон крајот на октомври 2022 година како и за конкретни проекти и соработки во областа на културата, туризмот и економијата помеѓу општина Корча и општини од Република Македонија.

©Македониум