Македонците од Ербеле – Долни Дебар го одбележаа празникот Преображение

Македонците во селото Ербеле, областа Поле или Долни Дебар, Албанија, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, на 18-ти август 2022 година го одбележаа големиот христиjански празник Преображение.

Празникот е одбележан со богослужба од страна на Миле Ангеловски, намесник на дебарската парохија во црквата “Свето Преображение”, која датира од 12 век.

На овој празник традиционално се собираат Македонците по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, а кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Пешкупија, Маќелара како и во Македонија.

Црквата “Свето Преображение” во 1973 година е прогласена за споменик на културата.

Ернест Постоли од село Ербеле, за весник Македониум, изјави дека постои легенда од пред повеќе години според која, нешто огнено и црвено секој 18-ти август се спушта од црквата која што се наоѓа на врвот на планината Крчин (црква која што е поделена на пола помеѓу македонско-албанската граница) и оди право во црквата “Свето Преображение”.

“Секој 19-ти август во ова црква доаѓаат не само православни, но и муслимани кој спијат внатре во црквата и се молат за излекување од разни болести, затоа што ова црква се смета за света. Има луѓе кои се излекувани од ова црква.”- изјави Ернест Постоли за весник Македониум.

©Македониум