Македонското меѓународно движење за човекови права: Преземајте акција бранете ја Македонија и Македонците

Погледнете го видеото. Споделете го. Преземите акција.

Ова е рекламата на ММДЧП, која се емитуваше на водечка канадска телевизиска мрежа, а сега го емитуваме и на интернет. Ако ние Македонците не си помогнеме едни на други, кој ќе ни помогне? Еве ја нашата страница за донации: https://mhrmi.org/donations. Со вашите донации директно помагаме животно важни проекти за заштита на човековите права и за одбрана на нашето име, идентитет, јазик, култура и историја. На пример:

– Виталната кампања Нашето име e Македонија, со која бараме враќање на македонското име и поништување на сите анти-македонски договори;

– Финансираме канцеларии за човекови права, телевизиски и радио станици, весници и други списанија за Македонците во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово, кои немаат пристап до медиуми и чии човекови права се кршат само затоа што се Македонци;

– Водиме меѓународни судски спорови за обезбедување и заштита на човековите права на Македонците и за враќање на македонското име, при што имаме дузина победи пред Европскиот Суд за Човекови Права;

– Присуствуваме на конференциите за човекови права на Обединетите Нации и низ Европа, имаме средби со шефови на држави, министри за надворешни работи и дипломати на кои обезбедуваме подршка за Македонија и за ставање крај на дискриминацијата на Македонците;

– Организираме собири, протести, одбележувања и културни фестивали во сите делови на поделената Македонија, за да го промовираме нашето македонско име, идентитет и човековите права;

– Помагаме успешни изборни кампањи на Македонците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Косово, за поуспешно да се промовираат човековите права на Македонците – вклучително и со изборот на првиот Македонец во албанскиот Парламент;

– Даваме поддршка за македонските активисти за човекови права и за политичките затвореници, кои се уапсени затоа што ги промовираат македонските права;

– Отвораме училишта и држиме часови на македонски јазик низ поделената Македонија.

Донирајте сега. Од тоа зависи нашето постоење како Македонци.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија.