Македонскиот амбасадор Данчо Марковски на работна посета на Универзитетот “Фан С. Ноли“ во Корча

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски беше на работна посета на Универзитетот “Фан С. Ноли“ во Корча, каде со раководните органи на универзитетот разговараше за проширувањето и конкретизирањето на соработката на Универзитетот “Фан С. Ноли“ со универзитетите од Република Македонија.

Дискусиите се фокусираа на заедничките студиски програми, главно со универзитетите во Тетово, Скопје и Битола со кои Универзитетот “Фан С. Ноли“ веќе има воспоставена соработка.

Притоа ценејќи ги многуте можности што ги нудат универзитетите во овој контекст, страните се согласија дека работните групи треба да почнат да работат на дизајнирање на овие програми кои предизвикуваат интерес кај студентите и истовремено вклучуваат познавање на македонскиот и албанскиот јазикот и културата на двете земји.

На средбата присуствуваше и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

©Македониум