Работна средба на Амбасадорот Марковски со Министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фрида Крифца

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари рааботна средба со Министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фрида Крифца. На средбата беа потврдени добрите меѓусебни односи на двете земји, а посебно и одличната соработка на двата министерства за земјоделство.

Средбата беше искористена за меѓусебно информирање околу актуелните предизвици на двете земји во земјоделскиот сектор создадени од кризата во Украина, како и начинот како заеднички успешно да се надмине овој предизвик создаден во земјоделскиот сектор.

Беше потенцирана важноста на Отворен Балкан, како и спроведувањето на веќе потпишаните договори со цел да се олеснат многу процедури и претходни пречки со кои се сочуваа земјоделците при увоз-извоз во двете земји.

Амбасадорот Марковски дополнително изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена помеѓу двете земји, кој лани надмина за прв пат 200 милиона евра, а ова година се очекува да надмине и 300 милиона евра.

©Македониум