Интервју со Амбасадорот на Македонија во Албанија, Веле Трпевски

Веле Трпевски

Веле Трпевски

Македониум…: Г-дин Трпевски се навршуваат две години од стапувањето на функцијата амбасадор на Република Македонија во Албанија.
Кои се вашите впечатоци за Албанија?

Ќе се обидам накратко да ја доловам Албанија пред се гледајќи низ призмата на главниот град Тирана. Не е лесно во неколку кратки реченици да се потенцира и во реално светло да се престават реформите, промените како и културолошките вредности и перцепции на оваа земја бидејќи Албанија е земја во која што големите и значајни промените се случуваат дневно.

Албанија преставува општество целосно ориентирано кон вредностите на западниот свет, општество кое ја гасне својата жед  за промени преку секојдневна апсорпција на истите притоа истиснувајќи ги низ порите на општественото ткиво последните остатоци од едно минато време и режим.

Средба со премиерот Сали Бериша

Средба со премиерот Сали Бериша

Брзата динамика на апсорпција на демократските вредности и слободи во албанското модерно општество се отсликува на секое поле од секојдневниот живот притоа вдахнувајќи го на главниот град духот на модерните европските метрополи. Животот во Тирана претставува комплексна мрежа на испреплетени традиционални и модерни вредности кои успешно коегзистираат во рамките на една поинаку оркестрирана хармонија од  непишани правила.

– Македониум…: Какви се билатералните односи помеѓу Албанија и Македонија?

Основата на која што се поставени односите меѓу двете држави дава простор за редовна комуникација со највисоките државни инстанци,  притоа  заемната отвореност,  доверба и волја при реализација на сите проекти резултира со конкретни мерливи и пред се многу значајни резултати.

Средба со претседателот на сообранието Јозефина Топали

Средба со претседателот на сообранието Јозефина Топали

Односите меѓу Македонија и Албанија во континуитет се на високо ниво, втемелени на взаемниот интерес за соработка на сите полиња, заеднички надворешно-политички цели, соработка на регионален план и меѓусебна комуникација изразена преку чести средби и контакти на сите нивоа.

Во изминатиот период направени значајни чекори во насока на развој на договорната соработка пред се алудирајќи на Договорот за слободно движење на граѓаните, односно движење само со лична карта, со кој се поставија нови темели во насока на развојот на регионот и економската соработка, договорот за взаемна поддршка во насока на ЕУ акцесијата, договорот за признавање на возачките дозволи, новиот граничен премин Џепиште-Требиште како и многу други договори и спогодби.

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Тирана

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Тирана

Република Албанија останува голем поддржувач на Република Македонија во насока на добивање на заслуженото членство во НАТО преку постојано промовирање на нашата контрибуција кон НАТО а Република Македонија е еден од главните поддржувачи на интегративните процеси на Република Албанија кон ЕУ.

Одржувањето на континуитетот во комуникацијата на највисоко ниво и продолжување со успешната агенда на билатерални средби и взаемни посети, инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите, како и продлабочување на договорната, економската и културната соработка ќе останат главни приоритети притоа имајќи предвид дека добрососедските односи и взаемна поддршка ќе бидат двигател на заедничките перспективи за евроатланските интегративни процеси.

– Македониум…: Кои се проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија?

Сметам дека најголемиот проблем со кој се соочуваат Македонците во Република Албанија е фактот што не се признаени на целата територија на Република Албанија а со самото тоа не можат да ги уживаат сите бенефиции кои се овозможени во регионите каде е признато Македонското национално малцинство во Република Албанија, пред се во контекст на можноста за институционално изучување на Македонскиот јазик и култура. Факултативното изучување на Македонскиот јазик во сите училишта во Република Албанија каде за тоа има интерес како и преминувањето на Лекторатот по Македонски јазик во Катедра на националниот универзитет се едни од приоритетните прашања во сите билатерални разговори помеѓу двете земји.

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Мала Преспа

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Мала Преспа

Дополнителен проблем е и инфраструктурната поврзаност на неколку региони каде живеат Македонците, пред се регионите на Голо Брдо и Гора како и слабата организираност и репрезентација на Македонското национално малцинство во највисоките инстанци на општествено – политичкиот и културниот живот во Република Албанија.

– Македониум…: Македонците од Голо Брдо има дваесет години како бараат да се отвори граничниот премин Џепиште (МК) – Требиште (АЛ). Овој премин ќе го препороди регионот на Голо Брдо и ќе ги спречи процесите на иселување на Македонците од Голо Брдо во внатрешноста на Албанија. Пред неколку години потпишан е и договор помеѓу македонската и албанската влада за отварање на овој премин.
Кои се вашите сознанија, зошто овој граничен премин не се отвара?

Оригиналниот договор кој бил потпишан за граничниот премин Џепиште – Требиште реално не соодветствуваше на потребите на регионот Голо Брдо но и воопшто со целта која треба да се постигне со истиот, односно полесно движење на граѓаните и промоција на добрососедските односи и соработката во пограничните региони. Во изминатиот период интензивно се работеше за надминување на горенаведената ситуација што резултираше со потпишување на новиот Договор за граничниот премин Џепиште – Требиште, за време на официјалната посета на Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на Република Албанија, со што се создадени сите предуслови за отпочнување со техничките подготовки за отворање на истиот.

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Голо Брдо

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Голо Брдо

– Македониум…: Какви се вашите релации со Македонците во Албанија?

Мислам дека на ова прашање одговорот треба да го дадете токму вие Македонците во Албанија, бидејќи вие најдобро и најреално можете да ја оцените работата на Амбасадата и Амбасадорот. Сепак сметам дека Амбасадата одржува блиски и пријателски релации со претставниците на Македонското малцинство во Албанија од сите региони и секогаш се обидуваме, секако во рамките на нашите можности а и доменот на нашата дипломатска активност да излеземе во пресрет и да одговориме на сите барања на Македонската заедница во Република Албанија.

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Билишта

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Билишта

– Македониум…: Неодамна, од македонската влада, бевте избрани меѓу пете амбасадори на Македонија кои покажале најдобри економски резултати првите шест месеци од 2012 година.
Што ова значи за вас?

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Мала Преспа

Прослава на денот на независноста на Р.Македонија во Мала Преспа

Наградата претставува голема сатисфакција за целосната посветеност во изминатиот период но и јасен показател за насоката, начинот и пред се квалитетот на работа во Амбасадата но пред се преставува огромен поттик и мотив за понатамошно беспоштедно заложување. (Македониум)