НАЈГЛЕДАНАТА ЕМИСИЈА “ВЕЗИЛКА” ВО ПУСТЕЦ (ВИДЕО)

Најгледаната емисија Везилка на Алфа ТВ ја посети Мала Преспа и сними емисија посветена на обичаите, адетите, обележјата и старите македонски јадења на Македонците во Општина Пустец.

Според водителите на Везилка, Адријана Алачки, Ирена Спировска и Благоја Грујовски убавините, фолклорот и традициите на Македонците од Мала Преспа им беа инспирација и мотив, а снегот не ги спречи да ги посетат Македонците во Општина Пустец.

Ирена Спировска: Ова недела Везилка ве поздравува од другата страна на Преспанското Езеро, преку албанската граница, од Пустец, односно Мала Преспа каде што живеат нашите Македонци кој што грижливо со сето срце и душа до ден денес ја негуваат македонската традиција и богатиот фолклор.

Благоја Грујовски: Карванот Везилка ја мина границата, се наоѓаме и се јавуваме од преубавата Преспа од Пустец. Општината е мала но со големо срце полно со љубов и топлина. Некогаш се велеше толку блиско а сепак далечно. Денес е се поинаку и подобро. Овој дел на Преспа е далеку подостапен и попристапен а има и што да се види и да се доживее а ќе видите и да се вкуси.

Адријана Алачки: Туристичко-гастрономската понуда во општината Пустец станува се поатрактивна од година во година. Само што ќе ја поминете границата, ќе ја поминете и Долна Горица и се надоле па надоле ќе ве пресретнат неколку ресторани кој што дури имаат и сместувачки капацитети и што е најважно ќе ве пресретнат насмеаните лица на нашите Македонци. Добрината, срдечноста, гостопримливоста, и ќе ве воодушеват специјалитетите што токму тука ќе ги пробате. Се знае што се јаде во Пустец кога ќе се дојде тава крап, циронки, грашалник и уште многу други работи кој што ќе можете да ги видите во нашата емисија Везилка од Општина Пустец.

Ирена Спировска: Ако возрасните генерации Македонци од Пустец се мајстори во подготвувањето на овие специјалитети што ги спомна Адријана мораме да ги пофалиме и новите генерации односно младите кој што го негуваат баследуваат фолклорот и кој што одлично ги знаат македонските ора и песни

Ова е прв пат емисијата Везилка да се снима надвор од Република Македонија.

Весникот Македониум им се заблагодарува на емисијата Везилка и Алфа ТВ за снимањето на емисијата Везилка во Општина Пустец и што ги преставија обичаите, фолклорот и традициите на Македонците од Општина Пустец.

© Македониум

Подолу линк од емисијата Везилка од општина Пустец.

https://www.youtube.com/watch?v=AsaJSn-zQZw