Црковниот одбор на Пустец апел за помош за изградба на камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил”

Црковниот одбор на село Пустец по барање на македонските верници од Пустец, реши да изгради камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил” во Пустец. Отец Алексо Темелко во име на црковниот одбор на село Пустец упати апел до сите верници да донираат за изградба на камбанаријата.


Свети Архангел Михаил во Пустец

Во апелот на отец Алексо Темелко стои:

Почитувани сонародници!

Сите го знаеме, го гледаме и го имаме посетено убавиот Храм (Црквата) посветен на “Св.Архангел Михаил ” во Пустец. Овој Храм е во центарот на Пустец, Општина Пустец и со неговата убавина го разубавува плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец. Храмот е во тек на доградување од внатре и градежните работи се во тек. Но, на овој наш свет Храм му недостасува камбанарија, која многу ќе го разубави. За жал, камбаната ја имаме, обесено на едно железо, кое не’ служи за камбаната.

По молба и барање на нашите верници од Пустец, да се изгради камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил” која навистина му е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која му одговара на црквата.
Камбанаријата ќе биде висока 15 м и широка 4 м.

Почитувани верници и наши сонародници!

Секој од Вас кој сака да донира можи да донира за изградба на камбанаријата на следните жиро сметки.

За донации од Република Албанија можи да се донира на следната жиро сметка:
410590037010117

За донации надвор од Република Албанија можи да се донира на следната жиро сметка: AL89214411030410590037010117

Од напред Ви благодариме и се надеваме на Ваша подршка.

Господ секому да му помогни и “Свети Архангел Михаил” да ги заштити- стои во апелот на отец Алексо Темелко во име на црковниот одбор на село Пустец.

© Македониум