Кристина Терпо, Македонка од Мала Преспа прогласена за најдобро дипломирана студентка на Стоматолошкиот факултет во Скопје

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги награди најдобрите студенти за учебната 2019/2020 година. Меѓу наградените студенти е и Кристина Терпо, која со потекло е од село Горна Горица, општина Пустец и е прогласена за најдобро дипломирана студентка на Стоматолошкиот факултет за учебната 2019/2020 година.

Кристина Терпо студираше на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на Стоматолошкиот факултет како стипендист на Владата на Македонија.

Кристина Терпо основно училиште заврши во основното училиште “Отпорот на Горичени” во Долна Горица, општина Пустец, додека средно образование заврши во средното училиштето “Трајан Ѓорѓиевски и Митре Колефски” во Пустец.

Весникот Македониум му честита на Кристина за постигнатиот успех со кој ги направи горди сите Македонци во Албанија и му посакуваме уште многу успеси на приватно и професионално поле. (Македониум)