Македонските иселеници од Мала Преспа во Канада го одбележаа големиот верски празник Св Архангел Михаил

Македонците кој потекнуваат од Мала Преспа, Албанија на 17 ноември 2018 година во  Capitol Banquet Hall во градот Мисисага, Канада, ја организираа десеттата по ред традиционлна средба  по повод големиот верски празник Св.Архангел Михаил, заштитник на Македонците од Пустец.

Македонското друштвото ,,Мала Преспа,, од Канада е организатор на ова јубилејна десетта традиционална средба, каде присуствуваа многубројни Македонци од Мала Преспа кои денес живеат во Канада и САД.

Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада, за весник „Македониум“ изјави дека македонското друштво “Мала Преспа” во Канада е формирано пред 10 години од македонски иселеници од Пустец и други делови од областа на Мала Преспа со цел негување на македонската култура и традиција.

– Веќе станува традиција еднаш годишно, ние, Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живееме во Америка и во Канада, да се собереме за православниот празник Св.Архангел и Михаил. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден крај – додава Владимир Тeрпо, за весникот „Македониум“.

Гостите се дружеле до доцна во ноќта со групата „Бисер Торонто“, вo веселба, пеење македонски песни и играње македонски ора.Со неколкуминутна програма се претстави и фолклорниот ансамбл од МПЦ Св. Илија од Mississauga, ,,Илинден,, во кого членуваат повеќе млади Македончиња со потекло од Мала Преспа.

Значителен број Македонци од Мала Преспа, во Канада и во Америка емигрирaле по 1991 година. (Македониум)