Денот на виното во Мала Преспа

Традиционално во декември веќе неколку години во Мала Преспа се организира Денот на виното. За да го прослават овој ден, Институтот за заштита на природата во Албанија и локалната организација Green & Cleen, во соработка со општина Пустец и Националниот парк Преспа, организираа во дворот на Националниот парк Преспа свечена церемонија. Оваа активност беше организирана во рамките на програмата SENiOR-A,  имплементирана од РЕЦ Албанија и финансирана од Шведската влада.

 

Претседателот на здружението Green & Cleen, Васил Јанкула рече дека овој настан имаше за цел промовирање на природните вредности на подрачјето на Мала Преспа ставајќи акцент на различни традиции што ги наследува Националниот парк Преспа, заштита на природни и културни вредности и нивна промоција.

 


Активноста беше организиран во форма на конкурс на вино во дворот од зградата на Националниот парк Преспа, со новото вино од ова година и со учество на фолклорна група од деветолетното училиште „Отпорот на Горичени“ од Долна Горица и со панаѓур со традиционалните производи од областа на Мала Преспа.

 

На прославата присуствуваа претставници од локалната власт, администрацијата на паркот, претставници на медиумите, и се разбира жители на областа. (Македониум)