Министерот Панарити на средба со земјоделците од Шиштавец

Илјадници тони компири кои се одгледуваат во внатрешноста на Кукс, сега нема да остануваат непродадени. Една соработка помеѓу Холандија, Турција и косовските претприемачи се очекува да се реши прашањето на пазарот на компирот од Шиштавец.

Министерот за земјоделство, Едмонд Панарити, за време на презентацијата на иницијативата, рече дека со појавата на компирот на пазарот ќе се зголеми економското ниво на земјоделците, но, и развојот на област Гора. Исто така, тој вети изградба на канали за наводнување, на местата каде што се одгледува компир во Гора.

Овој проект ќе означи пресвртна точка во одгледувањето и продажбата на познатиот компир од Шиштавец, каде се очекува производство био да стигни до 100.000 илјади. Жителите на ова областа имаат потешкотии за наоѓање на пазар за компирот.

“Проблем преставува и увозот на компир  од Косово, кој не е квалитетен како компирот од Шиштавец и Стеблево и кој на пазарот се продава поефтино, а и лошата инфраструктура, во Гора каде што нема асфалтирани патишта, патиштата се целите со дупки, и ова влијае да трговците не доаѓаат тука да купуваат.Често на пазар компирот од Косово трговците го преставуваат како компир од Шиштавец, – се жалат жители на Шиштавец.

Компирот од Шиштавец е со висок квалитет. Продажбата ќе помогне да се намали сиромаштијата во овој регион, населен со македонско население. (Македониум)