Американскиот амбасадор Александар Арвизу во посета на Мала Преспа

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Александар Арвизу, ја посети општината Пустец каде што имаше топол пречек од жителите на областа кој го пречекаа со старата македонска традиција, со леб, пипер и сол.

Во општина Пустец Арвизу се сретна со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, претставници на Советот и локалната самоуправа, како и со претставници на партијата Македонската алијанса за европска интеграција.

Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко го запозна  амбасадор Арвизу за состојбата во општина Пустец и напорите на локалните власти за економски развој на областа, каде што има идеални услови за развој на туризмот и посебно развој на фамилјарниот туризам. На состанокот, исто така, се разговараше и за правата на македонската заедница во општина Пустец и на целата територија на Република Албанија, образованието на Македонската заедница, административно-територијална реформа и многу други прашања поврзани со македонската заедница во Албанија.

Американскиот амбасадор вети дека ќе се ангажира за решавање на проблемите на Македонците во Албанија

По средбата американскиот амбасадор Александар Арвизу и градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко дадоа интервју за медиумите.

“Денешната посета на американскиот амбасадор е од особено значење за Македонците во Албанија. Присуство на амбасадорот и целиот меѓународниот фактор е гаранција за нас за почитување на правата на Македонците во Албанија. На средбата се разговарше за сите проблеми кој не вознемируваат, поврзани со економските проблеми, со образованието на македонскиот јазик и за сите права и проблеми поврзани со прашањето на малцинските права и конкретно за македонското малцинство во Албанија. “- Изјави за медиумите градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.

“Слушнав многу позитивни работи во врска со топлината на жители, убавината на природата тука, па сакав со посетата на Корча да дојдам и тука.  Јас би сакал да се заблагодарам на градоначалникот и жителите на Пустец за многу топлото гостопримство. Општ впечаток на САД е дека Албанија има добар пристап во однос на почитувањето на правата на малцинствата, како што е случај насекаде во светот вклучувајќи ги и САД. Секогаш постои простор за подобрување, простор за поефективен пристап. Затоа сакав да слушнам директно од градоначалникот, но и од страна на некои граѓани кои се нивните вознемирувања, особено во светлината на административно-територијална реформа и децентрализација, која треба да следи по неа “,- рече за медиумите амбасадорот Арвизу.

После тоа Арвизу имаше срдечна средба со жителите на општина Пустец и ја посети црквата “Св. Архангел и  Михаил” во Пустец, чиј домаќин беше Отец Алексо кој го запозна амбасадорот за верски живот во Преспа.

Посета на Амбасадорот Арвизу во Преспа заврши со работен ручек во Зрноско каде амбасадорот имаше можност да ги проба традиционалните јадења од областа.

Амбасадор Арвизу беше импресиониран од гостопримството на жителите и од природната убавина на Преспа и Преспанското Езеро, и како што рече, ова е еден од најубавите предели кој ги посетил во Албанија. (Македониум)