Македонците од Албанија побараа подршка од САД за подобрување на своите права во Албанија

Македонците и сите други малцинства се лојални граѓани на Албанија и посакуваат што побрзо нејзино интегрирање во Европската унија, но сметаат дека интеграцијата треба да оди паралелно со подобрувањето на нивните права.

Ова меѓу другото на средбата во Охрид со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер го истакнале Васил Стерјовски преставник на партијата  Македонска алијанса за европска интеграција и Арбен Костури претседател на ромското здружение Дисутни Албанија.

Овој состанок се оcтвари во рамките на Школата за млади лидери што се организира под покровителство на Ѓеорге Иванов претседател на Република Македонија.

Во тој правец тие го запознале со потешкотиите кои  ги имаат во интегрирањето во социалниот, културниот и политичкиот живот како и за проблемот за образованието на мајчин  јазик, барајќи подршка од официален Вашингтон за подобрување на нивните права.

Стерјовски подетално го информирал и околу непризнавањето на Македонците како малцинство во областите Гора и Голо Брдо како и во сите други делови на Албанија освен во Мала Преспа, бојкотот и непризнавањето на пописните резултати како и со неостварувањето на другите нивни легитимни права.

Рикер истакнал дека Соединетите американски држави ке продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во Европската унија затоа што ова е единствена алтернатива на сите земји од западен Балкан и оти почитувањето на правата на  малцинствата е еден од приоритетите во исполнувањето на стандартите за европската интеграција.

Фото: Арбен Костури, Георге Иванов, Васил Стерјовски

Фото: Арбен Костури, Георге Иванов, Васил Стерјовски

Стерјовски и Костури се сретнале и со претседателот Иванов со кого разговарале околу положбата  на малцинствта во Македонија и Албанија.(Македониум)