ЗА ОДЛУКАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД НА ПРАВДАТА

“ Затоа што малиот го победува џинот ” –Фан С. Ноли,
“ Трчај Маратонецу” .
Од: Агрон Алибали

На 17 ноември 2008 година, во холандскиот главен град ќе започнеше една од најинтересните правни битки во модерните времиња. Пред Секретариатот на Меѓународниот Суд на Правдата во Хаг ќе се појавеше г-ѓа Шпреса Јусуфи македонско – албанска дипломатка,  вработена во Амбасадата на Р.М во Кралството Холандија за да официално ја пренесе тужбата за сега веќе познатиот случај “ Македонија против Грција ” .
Хаг со Брисел се само 178 км далеку , но во ова битка тие како да беа со илјадници километри далеку. Битката не се водеше во политизираните и пристрасни салони на Е.У. , но во салите на Хаг. Во Брисел преовладуваа интересите. Во Хаг зборуваше правдата и само таа. Малку повеќе од 2 години од делото на г-ѓа Јусуфи и точно на 5 декември 2011 година хашкиот суд ја објави својата одлука, што без сомнение, е една од најважните придонеси на јуриспроденцијата на меѓународното јавно право.
Малку  историја.
Позадината на случајот се знае. Накратко, Македонија мирно се отцепи од Југословенската федерација  во 1991 година. Една година подоцна таа поднесе барање за членство во ОН, но во 1993 година Грција се спротистави заради уставното име “ Република Македонија”. Со резулуцијата  47/225 Македонија беше примена во ОН под името “ Поранешна Југословенска Република Македонија” ( ФИРОМ). На 16 февруари 1994 година Грција постави трговска блокада и на крај, на 13 септември 1995 година, се одобре времената спогодба за воспоставување дипломатски односи и други прашања. Во меѓувреме уште пред повеќе од 16 години продолжува посредувањето на ОН за решавање на името. Договорот исто така имаше и чудни страни. На пример, страните не се нарекуваа со нивните имиња: Грција се нарекуваше “Страната од Првиот Дел”; Македонија се нарекуваше како  “Страната од Вториот Дел”. Покрај ова византиско право, договорот дефинираше важни права и обврски за страните. На пример Член 11.1 ја забрануваше Грција да го попречува членството на Македонија во меѓународните организации, ако барањето за членство се поднесеше со името што се користи од страна на ОН. Сепак, и покрај ова, на 3 април 2008 година Македонија не беше поканета во НАТО поради опструктивниот  став на Грција. Грција со други зборови имаше поставено вето на Македонското барање, иако “ де јуре” нејзиното дело не преставуваше вето, бидејќи технички  не беше направено  гласање.
-Политичка и правна битка.
Соочени со невиденото грчко вето, Македонија не ја наведна главата. Таа се обрати во судот во Хаг, барајќи од него да изјасни дека делото на Грција преставуваше прекршување на времената спогодба, потоа на меѓународното право, и поконкретно, на основниот принцип Pacta Sunt Servanda, или “договорите треба да се спроведуваат”. Политичката битка беше нееднаква. Како Давид пред Голиат, Македонија мораше тивко да го издржи гневот на грчката влада, но и притисокот на бирократите од Брисел, како и Франција и Германија кои бараа од неа да попушти.
Правното соочување, од друга страна, беше строго, но и изедначено. Двете страни беа преставени од адвокати и еминенти професори од Америка, Англија, Франција и Швајцарија. Се назначија двајца ad hoc судии само за овој предмет именувани од страните. Суштината на правниот судир беше двојна: прво, дали самата тужба беше прифатлива и второ, дали Судот требаше да ги пртифати претензиите од македонската страна.
-Барањето на страните за време на судењето.
Македонија престави три барања пред Судот: Прво, да се изјаснеше дека тужбата е процедуриално прифатлива, отфрлајќи ги противењата на грчката страна; второ, да се изјаснеше дека Грција ја прекршила својата обврска од членот 11.1 од Времената спогодба; трето, да наредеше да “однесувањето” или “погрешното однесување“ (wrongful conduct на англиски, acte illiet на француски) на грчката држава да не се повтореше повторно.
Грција поднесе две барања: Прво, Судот да не го разгледуваше случајот, поради некопетентност со претензии меѓу другото дека жалбата беше врз основа на одлуките на трети лица (НАТО) и дека (Судот) интервенира во една веќе започната постапка од ОН, значи во билатерални напори за избор на ново име. И второ, ако Судот се прогласеше за ненадлежен, тој да го прогласеше за неосновано барањата на македонската страна.
Судот, прво, одлучи да го земи на разгледување случајот, сметајќи го “прифатлив” и во рамките на своите надлежности.
Второ, тој темелно ги разгледа претензиите на страните во однос на основаноста на случајот. Тука соочувањето беше строго, но професионално. Безброј аргументи се фрлаа, очекуваа, отфрлаа, соочуваа.
Некои од аргументите на старните и македонското малцинство,
Меѓу аргументите и дебатите помеѓу страните, ја спомнуваме доктрината exception non adimpleti contractus, според која, грчката страна не беше должна да го спроведи својот дел од договорот се додека македонската страна не ги исполнуваше своите обврски.
Грчката страна претендираше дека нејизиниот опструктивен став беше едноставно  последица на некои македонски акции, кој претсавуваа прекршување на Договорот.
Грчката страна дури, претендираше дека “немаше ставено вето, бидејки одлуката на НАТО беше колективна одлука, донесена во име на целата Алијанса”. Но Судот ги отфрли овие аргументи.
Една интересна линија на аргумент беше претендирањето на грчката страна дека Македонија ја имаше прекршено Временската Спогодба, конкретно член 6.2 според кој “Македонскиот устав не можеше да послужи како основа за мешање во внатрешните работи на други држави за да ги заштити правата и интересите” на националните малцинства.
Грчката страна се пожали за подршката што македонската влада им ја имаше дадено на бегалците или на членовите на македонското малцинство во Грција, кои беа протерани или принудени да си заминат како последица на грчката граѓанска војна во 1940-те (или на нивните потомци) и кој имаа претензии меѓу другото, и за напуштените имоти што ги оставија на грчка територија (Параграф 140 од Одлуката на Судот). Грчката жалба се поврзуваше и со подршката што македонската влада ја даваше на македонското малцинство што живее во Грција.
Но, македонската страна одговори на овие претензии, дека “својата загриженост за човековите права на етничките малцинства (minotity groups) во Грција или на човековите права на своите граѓани (македонски) не можи сериозно (reasonably) да се третира како мешање во внатрешните работи” на Грција (Параграф 141 од Одлуката).
Судот ги отфрли претензиите на Грчката страна декларирајќи дека дадените примери од Атина “не преставуваат убедлив доказ дека македонската страна го толкувала својот устав како да имала право да се меша во внатрешните работи на Грција, во име на лицата кои не беа македонски граѓани”.
Судот со тоа изјави дека пред состанокот во Букурешт немаше прекршување на членот 6.2 од договорот од страна на Македонија. Судот најде само едно прекршување од Македонска страна на другиот член, 7.2,  што забрануваше непријателска активност или акција меѓу двете страни, кога една воена единица сега веќе распуштена, користела еден забранет симбол во своето знаме.
Важно е да се напомене дека, иако прашањето за македонскто малцинство во Грција беше надвор од опсегот на Тужбата, самото нејзино спомнување во “DICTA” или во делот на објаснување, преставува значаен придонес на судот по прашањето на човековите права на етничките малцинства во Грција, вклучувајќи ги и чамите.
Одлука
На крајот, Судот пресуди дека, всушност, Грција го прекршила членот 11.1 од Времената Спогодба кога Македонија побара да се зачлени во НАТО во април 2008 година. Судот не го прифати третото барање, кое беше повеќе тактички, од македонска страна, да и нареди на Грција да не повторува во иднина вакви погрешни постапки. (WRONGFUL CONDUCT, ACTE LICITE).
Со доволно мудрост и елегантност Судот се изјасни дека е непристојна една ваква заповед, бидејки “како општо правило не може да се претпостави дека една земја која врз основа на одлука на Судот има дејствувано погрешно или на неприфатлив начин пред меѓународното право, ќе повтори во иднина едно вакво дело или однесување бидејки секоја земја се претпоставува дека ќе се однесува со добра вољја”. (параграф 168). Ова одлука се донесе речиси едногласно – само грчкиот ad hoc судија гласаше против. Одлуката на Хашкиот Суд преставува исклушителен придонес за меѓународното јавно право и им помага на добрососедските односи и мирот во регионот.
Прво, ова Одлука, бара рефлектирање особено во канцелариите на Европската Комисија, но исто така и во сите институции на ЕУ, кои постојано ги подржуваа грчките ставови во врска со прашањето за името. Не е воопшто толерантно за еден глобален играч во светската политика, како што е ЕУ, која широко ги проповеда вредностите и принципите на меѓународното право, да една нјезина членка се изјасни дека ги прекршува овие вредности и принципи.
Второ, Одлуката треба да најде соодветна рефлекција кај политичката класа кај пријателскиот сосед Грција. Лекцијата е дека политичката класа не треба да ги охрабри туку да ги стопира ултра националистичките инстикти забележани во Грција, особено во годините 1992-1995 година.
Албанија и одлуката
“Трчај, Трчај, Трчај и кажи им” ќе напишеше Фан С. Ноли во неговата позната поезија, “Трчај Маратонецу” “…затоа што се победи стрaнската војска…”и понатаму”…затоа што малиот го победи џинот…”
За иронија на модерната историја, овој пат не беше Грција против Персија, но малата Македонија која ќе се соочеше со несоодветните ставови на поголемиот и помоќен сосед. Што се однесува до Албанија, познато е дека е од витален интерес на албанската држава да изгради најдобри можни односи со јужиот сосед. Меѓутоа многу се примерите кога земјата, во име на таканаречените “главните цели и приоритети на албанската држава” за европска интеграција има прифатено и неправедни барања, да не речиме со шовинистички карактер, од грчката страна, дури заборавајќи го прашањето за човековите права на албанското малцинство во Грција. Затоа Одлуката на Хашкиот Суд е напомена и за албанската политичка класа на која веќе треба да им е јасно дека уцената, притисокот, бојкотот и ветото немаат место во билатералните односи на еднаквост, заедничкиот интерес и добрососедството меѓу двата сојузници, Албанија и Грција. Одлуката на Хашкиот Суд е моќна и јасна порака дека правото стои и на страната на помалите држави со помалку пријатели, доволно што тие да ги презентираат своите случаи и своите аргументи со храброст, зрелост и професионализам.

АГРОН АЛИБАЛИ