Чучи: Општина Пустец нема да се укини

 Министерот за локална самоуправа на Албанија, Бленди Чучи даде гаранции дека општина Пустец како малцинска област каде што живее признато македонско малцинство нема да се укини.

Чучи ова го кажа во Корча на средба со делегација на Македонска алијанса за европска интегрција предводена од претседателот Едмонд Темелко, и генералниот секретар Васил Стерјовски.

На средбата преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција побараа од министерот Чучи општините Острени, Стеблево и Требиште во областа на Голо Брдо и општините Шиштавец и Запот во областа Гора да не се укинуваат или да се спојат по една општина за област, бидејќи и тука живее македонско население кое што не се признава од албанската држава.

Договорено е министерот Чучи да го посети Пустец и консултациите таму да продолжат.  (Македониум)