Македонците од Гора бараат пат

Патот Шиштавец-Кукс, 38 км долг, често пати е ветувано дека ќе се  изгради, но сепак е во најлоша можна состојба.

Македонците кои живеат во област Гора во општините Запот и Шиштавец мора да патуваат секој ден низ макадам пат за градот Кукс. Неодамна, овој пат беше во центарот на внимание поради несреќа што ги зеде животите на шест лица, а седум други беа сериозно повредени. Жителите на општините Запот, Шиштавец и Топојан бараат што побрзо да имаат нов пат, бидејќи овој пат е надвор сите постоечки стандарди.

Во 2007 година започна со изградба патот Кукс-Шиштавец во должина од 38 км, и требаше да биде завршен во 2009 година, но претходната влада даде само дел од средствата предвидени за изградба на овој пат, оставајќи го поголемиот дел од овој пат, во многу лоша состојба. (Македониум)