Албанската влада ќе ја укине општина Пустец

Со новиот Закон за територијална поделба што се подготвува и кој треба да стапи на сила за локалните избори во 2015 година, албанската Влада ќе ја укинува општина Пустец. Ова е предвидено во драфт-верзијата на новиот Закон за територијална поделба до кој дојде Весникот Македониум.

 

 Драфт-верзијата на Законот за територијална поделба за округот на Корча

Драфт-верзијата на Законот за територијална поделба за округот на Корча

Според драфт-верзијата на овој Закон кој го спрема работната групи на албанската влада предводени од Бленди Чучи, државен министер за локална самоуправа, се предвидува општина Пустец во областа на Мала Преспа, која е населена со чисто македонско населени да се припои со неколку албански општини.

Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 илјади жители.

Сегашните административни граници на општина Пустец и новата општина Полени

Сегашните административни граници на општина Пустец и новата општина Полени


Припојувањето на општина Пустец со албанските општини не е во интерес на Македонците во општина Пустец, бидејќи во новата оптштина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата оптштина која ќе биде раководена од градоначалник Албанец и советот на општината сочинет од Албанци, ќе го раздадат општинското земјиште која се наоѓа на брегот на Преспанското езеро, на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население. Ова општина и не би била функсионална за Македонците во општина Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40-на километри до седиштето на новата општина.

Сегашните административни граници на општина Пустец и новата општина Полени

Сегашните административни граници на општина Пустец и новата општина Полени


Во сите досегашни иницијативи изминативе години за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец, дури и 2004 година кога Социјалистиите беа на власт и кога спремаат таква реформа, бидејќи општина Пустец е населена со чисто македонско население, и таков чин би бил во  спротивност од сите меѓународни конвенции за малцинствата.

Драфт-верзијата  на новиот Закон не е објавена за јавноста и процесот на консултација покренат од владата на Еди Рама го бојкотираше опозијата и организациите на општините предводени од опозицијата, кои бараат друг пристап за ова реформа. Фердинанд Пони одговорен за локалната самоуправа во Владата на Бериша, вчера изјави дека ова реформа неможи да тргни во Владата, но во Параламентот, со една натпартиска комисија, истакнувајќи дека Демократската партија одбива да работи врз основа на една драфт-верзија подготвена од Владата.

За гласање на овој закон потребни се 84 пратеници, кој владата на Еди Рама заедно со коалицискиот партнер Илир Мета имаат 85 пратеници.

Општина Пустец се состои од селата Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочени, Пустец, Шулин, Леска, Зрноско и Церје, населени со 5260 жители Македонци.

Весникот Македониум дојде до драфт-верзијата на Законот за територијална поделба за округот на Корча, во кој спаѓа општина Пустец. Бидејќи ова драфт-верзија не е објавена во јавноста не се знае кој се плановите на албанската влада за општините Острени, Требиште и Стеблево во областа Голо Брдо и општините Запод и Шиштавец во областа Гора, населени со македонско население. (Македониум)