Васил Стерјовски: Mакедонската нација постоела многу пред формирањето на државата

Поздравен говор во Штип, Република Македонија на м-р Васил Стерјовски на отворањето на неговата изложба “МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА – ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА”.

Почитувани,

Ви благодарам за вашето присуство на денешната моја изложба насловена “МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА – ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА”.

Денешната изложба содржи документи, материали, сведоштва за историјата на Македонците од Албанија и за посебноста на македонската нација од повеќе држави како САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија.
Тука се прикажани само мал дел од документите кој ги поседувам за историјата на Македонците од Албанија истражувајќи изминатите години.

Македонците од Албанија се нераскинлив дел од македонскиот народ и ја деле судбината на Македонија и македонскиот народ.

На крајот на XIX век и почетокот на XX век стотици Македонци од просторите кој денес се во Албанија исто како илјадници Македонци од етничката територија на Македонија ги напуштале македонските простори и во потрага по парче леб заминувале преку океанот и пристигнуваат во САД.

Многу емигранти коишто ги напуштале македонските простори во овој период и заминувале за Америка, при стапнувањето на американска почва пред официјалните американски власти се определувале како Македонци и така биле и заведени од властите.

Во ова изложба прикажани се оригинални емигрантски листи како што американските власти ги запишувале имигрантите што доаѓале во Америка од 1897 до 1921 година каде јасно се гледа етничката определба Македонци.

Многу Македонци од Албанија почнувајќи од 20-те години на XX па се до крајот 1948 годин кога тогашната Народна Република Албанија се затвора за надворешниот свет емигрираат за Австралија. И тука пред емиграционите власти на Австралија се определувале како Македонци и така биле и заведени од властите.

Крајот на 19 и почетокот на 20 век Македонија се наоѓа под јаремот на Османлиската империја. Соседните држави преку пропагандите прават се за асимилација на Македонците и приграбување на територијата на Македонија.

Овие документи се од огромно значење за историјата на Македонците и за македонската посебност од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Иако во овој период немаме своја Македонска држава, Македонците со потекло од Албанија кој што емигрирале во САД, Австралија, Аргентина слободно си ја кажувале својата етничка припадност за разлика во периодот на Отомнаската имерија или после поделбата на Македонија од балканските држави каде властите не дозволувале Македонците да се изјаснат како Македонци.

Овие документи даваат одговор на пропагандите на соседните земји на Македонија дека не постои македонска нација до 1945 година и се доказ дека Македонската нација постои многу пред формирањето на македонската држава.

Благодарам