МАЕИ им го честита на Македонците празникот Св.Василиј Велики

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на сите Македонци им им го честита на Македонците празникот Св.Василиј Велики.

Почитувани Македонци во Албанија и ширум светот,

Во име на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), од сè срце ви го честитаме празникот Свети Василиј Велики – Василица, со кој традиционално го означуваме почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

Овој празник е длабоко вкоренет во нашата македонска култура и традиција, и претставува можност за зближување, почитување на обичаите и пренесување на нашето духовно и културно наследство на новите генерации.

Нека Стара Нова година донесе здравје, среќа и благосостојба во вашите домови. Нека ни биде година на единство, успеси и напредок за сите нас, Македонците во Албанија, и нека продолжиме заедно да го чуваме и афирмираме нашиот македонски идентитет.

Среќна Стара Нова година!

Со почит,
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)