Честитка по повод Рожедството Христово – Божик упати единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
-Почитувани Македонци од православна вероисповед во Албанија, во овие свети денови кога го славиме Рождеството Христово – Божик, Ви упатуваме искрени честитки исполнети со топлина, љубов и надеж, посакуваат од МАЕИ.
Овој празник на светлината и мирот, се додава, нека ги исполни вашите срца со радост, а вашите домови со благосостојба, здравје и хармонија.
Порачува дека Божик е време за сплотување, зајакнување на семејните вредности и за прославување на нашата вековна македонска традиција и идентитет.
-Македонска алијанса за европска интеграција, како единствената политичка партија која го претставува и штити македонскиот народ во Албанија, останува посветена на зачувување на нашето културно наследство и на унапредување на правата на Македонците. Нека оваа година биде година на нови успеси за македонската заедница, на повеќе единство и солидарност меѓу сите нас. Со Божји благослов и со радост во срцата, ХРИСТОС СЕ РОДИ, стои во честитката потпишана од партискиот лидер, Васил Стерјовски.
©Македониум