Малевски: Да продолжиме да ја јакнеме борбата на МАЕИ за правата на Македонците во Албанија

Претседателот на Задграничниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за Битола, Ставри Малевски, во пресрет на Новата 2025 година, на Македонците со потекло од Албанија кои живеат во Битола, им упати најтопли честитки за здравје, среќа и успех во Новата 2025 година.

– Иако далеку од родните огништа, вашата поврзаност со нашите корени, редовните посети и поддршката што ја давате за борбата на Македонците во Албанија, се доказ за вашата љубов кон нашиот заеднички македонски идентитет и културно наследство, стои во честитката.

Додава, нека оваа година биде исполнета со нови победи и успеси за сите нас, а преку нашата заедничка поддршка да продолжиме да ја јакнеме борбата на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за правата на Македонците во Албанија и да ги зачуваме македонските вредности и традиции.

– Со најубави желби за напредок, сплотеност и успех во Новата 2025 година! Среќна Нова година, посакува Ставри Малевски.

©Македониум