Претседателот на ветераните на Преспа на Македонската алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Цветко Китани, во пресрет на Новата 2025 година, на Македонците во областа на Преспа, им упати најискрени и најтопли честитки.
– Нека Новата година донесе здравје, радост и благосостојба во вашите семејства. Нека ни биде година на заедништво, успех и зачувување на нашиот македонски идентитет, јазик и културно богатство, кое со гордост го пренесуваме на идните генерации, стои во честитката.
Додава дека, Преспа е нашата заедничка гордост – место каде што корените на традицијата, историјата и љубовта кон татковината се нераскинливи. Да продолжиме заедно, со истрајност и љубов, да го чуваме духот на Преспа и да работиме за светла иднина на Македонците.
– Со најубави желби за мир, благослов и успеси во Новата 2025 година! Среќна Нова година, посакува Цветко Китани.
©Македониум