Гроздани: Македонската заедница во Албанија е столб на традицијата, истрајноста и заедништвото

Генералниот секретар на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и советник во Советот на Општина Пустец и Советот на Округот на Корча, Таќо Гроздани, во пресрет на Новата 2025 година, на Македонците во Албанија, им упати најискрени и најтопли честитки.

– Нека оваа година биде исполнета со здравје, среќа и просперитет за секое македонско семејство во Албанија. Нека ни донесе успеси во сите наши заеднички напори за зачувување на нашиот македонски идентитет, јазик и култура, стои во честитката.

Додава дека Македонската заедница во Албанија е столб на традицијата, истрајноста и заедништвото. Со гордост и љубов, продолжуваме да ја промовираме нашата култура и да ги афирмираме нашите вредности во албанското општество, докажувајќи дека силата на единството секогаш победува.

– Ви посакувам година на мир, благосостојба и заеднички успеси, како и продолжување на нашата мисија за посилна и пообединета македонска заедница во Албанија. Среќна Нова година, посакува Таќо Гроздани.

©Македониум