Трајче: Да продолжиме да бидеме пример за единство и гордост, со силна верба во подобра иднина

Претседателот на Општинскиот комитет на Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Кристијан Трајче, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Преспа им посака најискрени честитки по повод Новата 2025 година.

– Нека оваа година донесе здравје, среќа и благосостојба во Вашите домови, а на нашата заедница во Преспа – уште поголема сплотеност и успеси во зачувувањето на нашето македонско културно богатство и идентитет, стои во честитката.

Додава дека со заеднички труд и меѓусебна поддршка, да продолжиме да бидеме пример за единство и гордост, со силна верба во подобра иднина.

– Ви посакувам многу успеси и радосни моменти во годината што следи. Нека љубовта, мирот и надежта бидат постојани придружници во Вашите животи, посакува Кристијан Трајче.

©Македониум