Вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу, во македонската амбасада во Тирана, организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана.
Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници, организиравме мал но значаен прием, објави Амбасадата.
Се додава дека Македонците во Албанија, живеат главно во регионите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, но ги има и во многу други градови на Албанија. Тие се горди на своите корени и култура, но истовремено се и лојални граѓани на Албанија.
– Амбасадата, им посака среќна и успешна Нова година, каде што секој нов ден биде можност за нови успеси и убави моменти. Што и да донесе иднината, заедно може да ја направиме подобра, се наведува во објавата.
©Македониум