Денес во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски со министерот Игли Хасани. Средбата искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји.
Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес. Двајцата соговорници ја истакнаа потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот.
©Македониум