Општина Пустец денеска доби донација од Амбасадата на Јапонија во Тирана, која денеска на градоначалникот Пали Колефски му ја предаде амбасадорката Като Кикуко.
„Станува збор за ново возило-багер, кое ни беше повеќе од неопходно. Доделено ни е врз основа на нашата апликација на повикот на Амбасадата за учество на соодветниот проект. Искажав голема благодарност за јапонскиот народ за поддршката на општината и нашата заедница и посебно на амбасадорката Кикуко, која не почести со нејзината посета“, изјави Колефски.
Во знак на благодарност на амбасадорката и била врачена благодарница, а на средбата двајцата соговорници разговарале и за можностите Амбасадата да ја помогне општината и со други донации.
Јапонската амабасадорка, придружувана од Колефски, со кајче прошетала по Преспанскиот Езеро, а ја посетила и пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, која е целосно реставрирана.
©Македониум