МАЕИ: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот и храброста на македонскиот дух.

– Во овој значаен ден од нашата историја, се сеќаваме на храбрите македонски борци, вклучувајќи ги и нашите предци од Албанија, кои заедно со македонските партизански единици ја водеа борбата за слободата и ослободувањето на Македонија од наци-фашистичките окупатори. Тие ја покажаа својата лојалност и пожртвуваност кон идејата за слободна и независна Македонија, вложувајќи го својот живот за оваа кауза, стои во честитката.

На овој голем празник, им оддаваме почит на сите кои со својата непоколебливост ја испишаа историјата на нашата татковина.

– Нивната жртва и визија за самостојна Македонија е нашиот аманет да го чуваме македонскиот идентитет и да го градиме патот кон посветла иднина.Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, посакува МАЕИ во честитката потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

©Македониум