Македонците во Ербеле – Долни Дебар го одбележаа празникот Преображение

Македонците во селото Ербеле, областа Поле или Долни Дебар, Албанија, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, на 18-ти и 19-ти август 2024 година го одбележаа големиот христиjански празник Преображение.

Празникот е одбележан со литургија во црквата “Свето Преображение”, која датира од 12 век.

На овој празник традиционално се собираат Македонците по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, а кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Пешкупија, Маќелара како и во Македонија.

Црквата “Свето Преображение” во 1973 година е прогласена за споменик на културата.

Ернест Постоли од село Ербеле, за весник Македониум, вели дека постои легенда од пред повеќе години според која, нешто огнено и црвено секој 18-ти август се спушта од црквата која што се наоѓа на врвот на планината Крчин (црква која што е поделена на пола помеѓу македонско-албанската граница) и оди право во црквата “Свето Преображение”.

“Секој 19-ти август во ова црква доаѓаат не само православни, но и муслимани кој спијат внатре во црквата и се молат за излекување од разни болести, затоа што ова црква се смета за света. Има луѓе кои се излекувани од ова црква.”- изјави Ернест Постоли за весник Македониум.

©Македониум