Дождот ги изгасна сите пожари во Националниот парк Преспа

Обилните дождови го изгаснаа пожарот и го спасија Националниот парк Преспа.

Горна Горица, Општина Пустец

Во текот на 15-те дена беа ангажирани бројни сили на противпожарната служба, општина Пустец, армијата, шумската служба и заштитените подрачја за локализирање на пламените јазици, како и интервенција од воздух на романскиот авион, но еден ден и двата македонски авиони и хеликоптерот „Cougar“.

Непристапниот планински терен како и немањето резерви на вода во близина на пожарите го отежнаа локализирањето на пламените јазици во текот на овие денови.

Во овие 15 дена опожарени се повеќе од 900 хектари од Националниот парк Преспа, најголем дел пасишта и ниска вегетација, но и површини со шума.

©Македониум